Сервер: Финалето на дијалогот меѓу Косово и Србија треба да резултира со меѓусебно признавање и размена на амбасадори

Професорот на Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон, Даниел Сервер изјави дека Косово и Србија треба продолжат со дијалогот, но дека, според него, треба да бидат јасни две работи – реципроцитет и имплементација.

„Што и да побараат Приштина или Белград, тие треба да бидат подготвени да го дадат еквивалентот. И сè што е договорено треба да се спроведе на начин што може да се провери“, рече Сервер за Косово Онлајн.

Тој е убеден и дека откривањето на сите масовни гробници е од витално значење за дијалог и помирување. Според професорот финалето на дијалогот треба да резултира со меѓусебно признавање и размена на амбасадори.

Тој исто така порача дека на Косово му треба нов претседател, и ако тоа не може да се направи во рамките на сегашниот парламент, ќе треба нов парламент, што значи нови избори.

Коментирајќи го извештајот на Европскиот парламент и обвинувањето дека специјалниот пратеник на претседателот на Соединетите држави за дијалог, Ричард Гренел, преку дезинформација ја собори владата на Албин Курти, Сервер вели дека нема сомнеж дека Гренел направил се за да ја собори владата на Курти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот