Тепачка / илустрација /

Серија пријави за насилство врз жени во еден ден: тепање, закани со експлицитни видеа и сексуално вознемирување

Насилството врз жените во земјава повторно доаѓа во фокусот на јавноста по низа алармантни случаи регистрирани во текот на само еден ден, за кои денеска информираше Министерството за внатрешни работи преку својот дневен билтен.

Во Скопје и во Делчево, неколку жени пријавиле дека биле жртви на физички напади, закани и психичко малтретирање од сегашни или од поранешни партнери.

Полицијата постапувала по повеќе пријави за родово базирано насилство, што уште еднаш ја отвора темата за небезбедноста со која се соочуваат многу жени во сопствените домови.

Во еден од случаите, синоќа по полноќ, 40-годишна жена од скопско пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од својот партнер Д.П. во неговиот дом, на подрачјето на Гази Баба.

Во друг случај, полицајците од СВР Скопје го привеле 32-годишниот Р.Ќ. од Скопје, по пријава од неговата 34-годишна поранешна партнерка дека ѝ се заканувал дека ќе објави компромитирачко видео од неа. Заканите, според пријавата, биле упатувани на 23 јануари.

ВИДЕО: Бегалецот Саитов уште на 17 години се снимал како дивее со „Пасатот“ со кој ја прегази Љуба Јаковлеска во Капиштец

Исто така, вчера во попладневните часови, во Полициската станица Кисела Вода бил повикан 49-годишниот В.Т. од Скопје, по пријава од неговата 42-годишна сопруга. Таа пријавила дека ден претходно, во семејниот дом на подрачјето на Центар, била физички нападната и дека ѝ бил одземен телефонот.

Случај на семејно насилство е регистриран и во Делчево. Според информациите од МВР, против 54-годишен маж е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „телесна повреда“.

„Осомничениот подолг временски период психички ја малтретирал својата 54-годишна сопруга и ѝ упатувал закани, а во периодот од 6 до 8 јануари физички ја нападнал во семејниот дом,“ наведуваат од МВР.

Покрај овие случаи, полицијата известува и за инцидент на сексуално вознемирување. На подрачјето на Бит Пазар, полицајци го лишиле од слобода 77-годишнипт А.С. од скопско, постапувајќи по пријава од 51-годишна жена дека ја допирал по телото.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави против осомничените.

Семејна драма во Чучер Сандево – маж ѝ се заканувал на сопругата, не ги поштедил ни децата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот