Серија апсења поради возење под дејство на алкохол низ Македонија, во Велес биле измерени рекордни 3.15 промили
Викендов полицијата во повеќе македонски градови уапси вкупно петмина луѓе кои своите возила ги управувале под дејство на алкохол, а највисок измерен резултат кај еден возач бил 3,15 промили алкохол во крвта, информираат од МВР.
Препорачано
Рекордот за викендов го постигна велешанец, кој вчера со 3.15 промили алкохол во крвта изгубил контрола над возилото и удрил во објект, по што бил пронајден и уапсен од страна на полициски службеници.
Во Куманово, пак, денеска кратко по полноќ, полицијата сопрела „лада нива“ и измерила 1,62 промили алкохол во крвта кај возачот, кој исто така бил уапсен.
Полицијата поради возење под дејство на алкохол уапсила и возачи во Штип (2,74 промили), Гевгелија (1,54 промили) и на регионалниот пат „Паљурци“ (1,52 промили).
По целосно документирање на случаите, против сите ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик за безобѕирно управување со моторно возило, најавија од МВР.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
2час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


