Сепаратистите кои го срушија авионот МХ17 над Украина примале наредби од Кремљ?

Фото: Реконструкција на дел од авионот на „Малезија Ерлајнс“/ EPA/LLOYD JONES

Меѓународната истрага за падот на летот МХ17 на компанијата „Малезија ерлајнс“ дојде до информации дека високи руски официјални лица ги насочувале сепаратистите на истокот од Украина кои се поврзани со нападот, пренесе српско „Еспресо“.

Истражувачите тврдат дека главниот помошник на претседателот Владимир Путин редовно бил во контакт со лидерите на бунтовниците. Сите 298 лица во авионот загинаа кога го погоди ракета на територијата која ја контролираат бунтовниците на 17 јули 2014 година.

Руското министерство за надворешни работи ги отфрли најновите наоди. Службеничката Мариа Захарова рече дека меѓународните истражувачи манипулирале со истрагата за да одговорат на претходно утврден заклучок.

– Тие објавуваат некои материјали, од кои едниот дел лажно се претставува, а другиот дел не е потврден – изјави таа за новинарите.

Истражувачите поднесоа обвинение за против летири лица, вклучувајќи го и шефот на сепаратистичката одбрана. За осомничените треба да започне судењето, најверојатно во отсуство, во април 2020 година.

Холандскиот истражувачки тим не ја поврза Русија директно со нападот на авионот, но велат дека „пресретнати телефонски разговори“ покажуваат контакт на Русија со двајца од четворицата осомничени кои веќе се обвинети за убиството на патиниците и екипажот.

Додека МХ17 не се спомнува во прислушкуваните разговори, истражувачите веруваат дека официјалните лица во Москва знаеле што се случува на терен и дека влијаеле на „административните, финансиските и воените работи“ во Донечка Народна Република (ДНР).

Истражниот тим ги именува Владислав Сурков, поранешниот стратег на Кремљ и потпретседател на владата, и Сергеј Аксјонов, човекот кој беше задолжен за Крим кога го окупираше и анектираше Русија. Велат дека во неколку телефонски повици се спомнува и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Двајцата осомничени кои веќе се обвинети се спонуваат во телефонските разговори. Игор Гиркин бил т.н. министер за одбрана во ДНР, а според обвинителите, Сергеј Дубински бил негов заменик. Челниците на ДНР секогаш инсистирале тоа да бидат доброволци кои немаат шеф, но истражниот тим вели дека разговарал со сведоци кои велат дека клучните личности биле контролирани од страна на Русија.

Тие велат дека лидерот на ДНП Александер Бородај е снимен како вели: „Ги вршам наредбите и ги штитам интересите на единствно една држава, Руската Федерација. Тоа е суштината“.

Истражувачите цитираат дека е очигледно оти Бородај две недели пред катастрофата на МХ17 разговарал со Сурков и зборувал за руското засилување.

Челните лица на истргата веруваат дека водечките бунтовници биле опремени од страна на руската служба за безбедност ФСБ со сигурни телефони кои не можат да се прислушкуваат. Сергеј Дубински, тврдат, се јавил на некој човек со името Семенов велејќи: „Тоа се посебни телефони, не можете да ги купите. Ги добивме од Москва. Преку ФСБ“.

Иако четири личности се обвинети и треба да им се суди во април, веројатно во отсуство, се смета дека од редовите на бунтовниците во ДНР би можеле да се појават повеќе докази.

Целта на истражниот тим е да открие кој на крајот го притиснал копчето и ја лансирал ракетата која го сруши МХ17 на патот од Амстердам до Куала Лумпур и кој бил главен.

Во оваа несреќа загинаа 298 лица, вклучувајќи и 193 државјани на Холандија, 43 Малезијци, 27 Австралијци, 12 лица од Индонезија, десет Британци, четири лица од Германија, тројца од Филипините, еден Холанѓанец и еден Канаѓанец.

Русија тврди дека истрагата и судењето имаат за цел да ја дискредитираат нивната земја во очите на меѓународната заедница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот