Сениорките со мала негатива ќе патуваат во Целје

Фото: РФМ

После првото полувреме избраничките на селекторот Симе Симовски имаа само еден гол негатива (14:15) и ги одржуваа шансите дека на крајот можно е да извлечат позитивен резултат.

Тоа не го дозволи искусната селекција на Словенија која реваншот на свој терен ќе го дочека со предност од три голови разлика.

Негативата не е толку голема, шансите на нашите најдобри ракометарки остануваат во намерата да обезбедат пласман на Мундијалот годинава во Јапонија.

Најефикасна беше Елена Ѓорѓиевска со девет голови, еден помалку запиша Сара Ристовска. На спротивната страна грос и Станко имаа по шест погодоци. Возвратната пресметка е за четири дена на 6 јуни во Целје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот