Сенатот на Шпанија ќе расправа за протоколот за Македонија во НATO

Шпанија е единствената членки на Алијансата која сè уште не го формализирала актот со кој на Северна Македонија ѝ се овозможува и официјално зачленување во НАТО алијансата.

Иако сите активности на Сенатот на Шпанија се суспендирани поради мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, Горниот дом на шпанскиот парламент денеска прави отстапка и ќе се состане да расправа и да гласа само за една точка на дневниот ред, а тоа е ратификација на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.

Шпанија е единствената членки на Алијансата која сè уште не го формализирала актот со кој на Северна Македонија ѝ се овозможува и официјално зачленување во НАТО алијансата.

На денешната седница најавено е само присуството на потесното раководство предводено од претседателката Марија Пилар Лоп Куенса. Гласањето ќе се одвива преку видео – конференциска врска.

Донесениот акт потоа ќе треба да го потпише шпанскиот крал, по што треба да биде доставен во Стејт департментот во Вашингтон.

Со предавање на ратификацискиот инструмент од Северна Македонија, исто така во Стејт департментот, и формално ќе заврши процедурата, со што Северна Македонија ќе стане 30 членка на Алијансата…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот