Семејството нa починатата Ирена прашува: Од каде се појави пункција на лимфни жлезди, никој од семејството не знае за тоа?

Гинеколошко акушерската клиника вчера попладне го доби хистопатолошкиот наод за пациентката Ирена Костовска која почина на КАРИЛ на 9 мај 2021, а која беше примена на ГАК на 21 април 2021 година со голем тумор на матката и оперирана на 22 април со уреден оперативен тек.

Наодот, како што наведуваат во соопштение, оди во прилог на автоимуно воспаление на крвните садови на тенкото црево и на вроден сегментен недостаток на мускулниот слој на тенкото црево што всушност е и причината која довела до постоперативна спонтана перфорација, што било причина за вториот оперативен третман на пациентката во присуство на дигестивен хирург.

Од Клиниката нагласија дека пациентката имала историја за претходни оперативни зафати, извадена слезинка пред пет години и пунктирани лимфни јазли пред три години кои веројатно се во склоп на системската болест што ја имала пациентката.

Истакнуваат дека оваа дијагноза е исклучително ретка и во голем број од случаите причината за нејзино појавување е непозната, но најчесто е асоцирана кај пациенти кои имаат голем солиден тумор, лимфом, леукемија или некоја воспалителна болест. Системската форма на оваа болест, појаснуваат, според достапната литература, е асоцирана со многу тешка клиничка слика чија дијагноза е невозможно да се постави предоперативно.

На ваквото соопштение од ГАК реагира семејството. Велат не е точно дека нивната блиска имала пункција на лимфните жлезди пред три години.

– Од каде се појави информацијата дека освен операцијата за отстранување на слезината пред 5 години Ирена имала и пункција на лимфните жлезди пред 3 години? Никој од семејството а ни матичната докторка не е запознаена дека Ирена имала таква интервенција! И зошто јавно не е објавен патолошкиот извештај, посебно делот со макроскопијата? Дали некој упорно додава “олеснителни околности” за да ја оправда нејзината смрт?, се дел од прашањата на семејството. 

Тие велат ќе бидат упорни во намерата да ја дознаат вистина за смртта на Ирена, а со тоа да си најдат мир и утеха за нејзината прерана смрт.

Објавени последните пораки на починатата Ирена, дали во нив се крие вистината за нејзината смрт?

Обдукцијата на пациентката од ГАК е завршена, но само технички, за извештајот ќе се чека до крај на месецов

Случај што ја вознемири македонската јавност: Почина млада пациентка по направена операција на на ГАК, семејството бара одговорност од хирурзите

ГАК: Тенденциозни и злонамерни се шпекулации на социјалните мрежи за причините за смртта на пациентката Н.К.

ГАК: Наодот за 33-годишната почината пациентка И.К. оди во прилог на автоимуно воспаление на крвните садови на тенкото црево

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот