27.8 C
Скопје

Обдукцијата на пациентката од ГАК е завршена, но само технички, за извештајот ќе се чека до крај на месецов

Обдукцијата првично требала да се направи во Битола, но телото е донесено во Скопје, семејството има сомнежи.

Се уште не е завршен вонредниот инспекциски надзор на клиниката за абдоминална хирургија, КАРИЛ и Гинеколошко акушерската клиника од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Надзорот ќе треба да укаже на тоа дали на некоја од Клиниките има одредени пропусти кои што довеле до неуспешна операција на 33 годишната пациентка и нејзиното понатамошно лекување. Вонредниот инспекциски надзор ќе ја разгледува постапката од приемот, па се до смртта, а инспекторите се во комуникација и со матичениот лекар.

Директорката на ДСЗИ Ирина Бухова, за „Слободен печат“ вели дека вонредниот инспекциски надзор е завршен на ГАК и во ординацијата кај матичниот лекар, но не е завршен на останатите клиники.

– Инспекцискиот надзор е специфичен. Засегнати се пет медицински установи и затоа на јавноста и изгледа како да трае подолго од вообичаено. Доколку резултатите од надзорот покажат дека има потреба ДСЗИ може да иницира и стручен надзор, за кој јавноста ќе биде известена, објаснува Бухова.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прашање на „Слободен печат“, рече дека Министерството веќе иницирало стручен надзор, без да ги чека резултатите од инспекторите на ДСЗИ.

– Ние од Министерството за здравство инициравме и стручен надзор. За таа цел денеска или најдоцна до понеделник ќе се формира комисија за и тој аспект од случајот се расчисти, рече министерот Филипче.

Стручен надзор може да иницира ДСЗИ, Министерството за здравство или семејството без разлика што ќе покажат резултатите од ДСЗИ.  

Директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков денеска за „Слободен печат“ рече дека обдукцијата на телото на починатата пациентка е само технички завршена, но следуваат испитувања.

-Извештајот за причините за смртта на пациентката не е готов, не смее да се брза со давање на заклучок. Најрано за две недели или до крајот на месецов ќе ги имаме резултатите од обдукцијата. Потоа резултатите ќе се спроведат до Јавното обвинителство, а обвинителството ќе оформи предмет за да се направи вештачење, односно за да се утврди дали имало несовесно лекување при третманот на пациентката, објаснува Станков.

Тој вели дека семејството има право да ги добие резултатите од обдукцијата, а за тоа ќе треба да се обрати до обвинителството каде што ќе бидат испратени анализите.

Семејството на починатата вели дека им е нејасно зошто пријавата најнапред било процесуирана до ОЈО Охрид, а обдукцијата требало да се направи во Битола, но потоа предметот бил превземен од ОЈО Скопје по што обдукцијата е извршена во Скопје.

– Нас ни е кажано дека резултатите ќе бидат предадени на јавниот обвинител, а не знам дали, кога и како ќе бидат презентирани на нас. Она што би сакал да нагласам е дека иако пријавата најпрво е процесуирана од страна на ОЈО Охрид од обвинителката Оливера Проеска и обдукцијата требаше да се изврши во Битола, предметот и превземен од ОЈО Скопје и обдукцијата е извршена во Скопје. Никој не ни објасни зошто се случија тие измени, велат блиски на починатата.

Од друга страна Директорот на Институт за судска медицина вели дека никој не треба да стравува дека во овие одлуки се кријат лоши намери.

-Бидејќи жената е почината во Скопје, надлежноста ја има ОЈО Скопје, роднините без дозвола го однеле телото во Охрид. ОЈО Охрид даде наредба за обдукцијата да се изврши во Скопје бидејќи надлежноста е во Скопје. И подобро што е така, затоа што ние имаме подобри услови и сме повисоко специјализирано оддел. Роднините на починатата не треба да стравуваат дека во зад оваа промена се кријат лоши намери, смирува директорот на судска медицина.

Поврзани вести

Европската унија со економски санкции против Белорусија

Слободен печат

Вулин: Да им се забрани влез во Србија на оние кои гласаа за Резолуцијата за геноцид во Сребреница

Катерина Стевовска

ФОТО | Вистинско уживање! Се кандисавме за Охрид, бендисавме и топло препорачуваме: Кај Маја и Душица на домашни специјалитети од кои ќе ви се отворат сите чакри

Јасмина Кантарџиева Димков

Главен научник на СЗО: Разочарува резултатот на вакцината „КјурВак“

Слободен печат

ВИДЕО | Вознемирувачка ситуација: Мечка влегла во град во Јапонија, четири лица се повредени

Слободен печат

Гебрејесус: Очекувам Гвинеја да прогласи крај на епидемијата на ебола

Катерина Стевовска

Остави Коментар