Семејство од Шведска неколкупати доаѓало во Скопје за да си одберат миленик, го посвоиле Дикси

Фото: Фејсбук/ЈП „Лајка“

Семејството Бујдоса од Шведска неколку пати доаѓалo во Скопје во обид да си најдe миленик кој ќе го однесe во својот дом. Тие го избрале бездомното куче Дикси кое било заловено од страна на вработените во ЈП „Лајка“, а потоа чувано во нивните простории по направениот хуман третман.

-Позитивните искуства со вдомување миленик од ЈП „Лајка“ доаѓаат и од Шведска. Едно од најмилите кучиња во прифатилиштето на Лајка го најде својот дом во Шведска, благодарение на семејството Бујдоса. Тие допатуваа до Македонија неколку пати како би оствариле контакт со Дикси, за набрзо потоа да ја вдомат. Дикси ужива со своето ново семејство во една од најубавите скандинавски земји и доби дом каков што заслужува. Нејзиното семејство секојдневно ја споделува својата радост и авантирите со Дикси, но и ги инспирира и поттикнува останатите да вдомат бездомно куче – велат од ЈП „Лајка“.

Според надлежните од ова јавно претпријатие, кампањата „Вдоми куче, вдоми љубов“ поради ваквите вдомувања добива нова димензија.

По успешните вдомувања на бездомни кучиња во нашата земја, мисијата продолжи во САД, Германија, Белгија, Шведска и во Обединетото Кралство. Бројот на бездомни кучиња на улиците и трендот на напуштање миленици се трудиме да го претвориме во тренд на вдомување и одговорно сопствеништво, а заедно и со поддршка на хумани граѓани и организации нашата мисија стана реалност, заклучуваат од јавното претпријатие од каде што објаснуваат и дека идните вдомувачи, кои се заинтересирани да земат куче, најчесто ги контактираат преку нивните социјални мрежи или на мејловите за вдомување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот