Селанец во домашен притвор за нелегално држење ловна пушка и муниција

Фото: Илустрација

Тетовското обвинителство спроведува истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопштија од обвинителството.

– Осомничениот, 68-годишен жител на село Церово, општина Желино, на  11-ти октомври во семејната куќа држел оружје и муниција од поголемо количество кои на граѓаните им се забранети. При извршен претрес во домот на осомничениот пронајдени се 15 куршуми калибар 7,62 мм долго зрно , 11 патрони ловна муниција калибар 12 мм, 2 патрона ловна муниција  16 мм и ловна пушка „Бокерица“ калибар 12 мм без фабрички број – се вели во соопштението на јавното обвинителство.

Обвинител до судија на претходна постапка, доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченит. Тетовскиот суд му определи домашен притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот