Секој петок приемен ден за граѓаните во секторот Урбанизам во Општина Бутел
Секој петок во периодот од 8 до 16 часот сите заинтересирани граѓани без закажување ќе можат да се консултираат со вработените во општинската администрација, за теми поврзани со урбанизмот и заеднички да се обидат да изнајдат решение.
Од оваа недела Општина Бутел започнува со организирање на приемен ден во секторот Урбанизам. Според најавите од оваа скопска општина, секој петок во периодот од 8 до 16 часот сите заинтересирани граѓани без закажување ќе можат да се консултираат со вработените во општинската администрација, за теми поврзани со урбанизмот и заеднички да се обидат да изнајдат решение.
Препорачано
– Од оваа недела секој петок ќе биде приемен ден без закажување во секторот за урбанизам. Граѓаните имаат за право на целосна достапност и можност да си ги решаваат своите потреби и проблеми. Општинската администрација мора да биде во служба на граѓаните и нивни сервис а не кочничар на процесите. Продолжуваме со отвореноста и достапноста кон граѓаните на Општина Бутел – истакна градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски.


