Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Секој деветти Србин би војувал за Косово, покажува анкета спроведена пред последните немири

Истражување на „Демостат“ во Србија, спроведено од 24 април до 4 мај, на репрезентативен примерок од 1.600 анкетирани граѓани, покажува дека големо мнозинство од жителите на земјата се против каков било конфликт на Косово. Важно е да се напомене дека истражувањето е спроведено пред последните немири, кои се случија минатата недела.

Според анкетата, која ја пренесе „Данас“, за Косово се спремни да војуваат 11 отсто, или приближно секој деветти анкетиран граѓанин, додека скоро две третини (65 отсто) се против каков било конфликт на Косово.

22 отсто од анкетираните ја гледаат Русија како сојузник на Србија, а нешто помалку, 20 отсто, во таа улога ја гледаат Европската Унија. Кога станува збор за односот кон Истокот и Западот, приближно секој трет Србин (30 отсто) е за Русија и Кина, а нешто повеќе од анкетираните (35 отсто) ги поддржуваат ЕУ, Соединетите Американски Држави и скандинавските земји.

Анкетата покажала идентичен процент на луѓе кои би гласале за и против членство на Србија во Европската Унија, доколку утре би се одржал референдум за ова прашање – по 33 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот