Секој четврти работодавач во Германија не ги пријавил своите работници
Илјадници работодавачи во Германија одбиле да ја исплатат минималната плата во текот на 2025 година. Ова го објави единицата за финансиска контрола на непријавена работа по инспекцијата на околу 25.000 работодавачи, кога беше утврдено дека речиси секој четврти работодавач не ги регистрирал своите работници.
Препорачано
Инспекцијата откри дека прекршувањата на законот за минимална плата биле особено чести во угостителската индустрија- пренесе Б92. Единицата за финансиска контрола за непријавена работа извршила инспекции кај работодавачите 25.765 пати низ цела Германија во 2025 година и отворила постапки во 6.121 случаи за сомневање за прекршување на законот за минимална плата. Се нагласува дека се покренати повеќе од 500 постапки против бродски компании, градежни компании и фризерски и козметички салони.
Покренати се и постапки против работодавачи во областа на такси превозот, продавниците за алкохол и безбедносните услуги. Месечната бруто минимална плата во Германија за вработен со полно работно време минатата година изнесувала 2.161 евра.


