Камери во Скопје / Фото: ''Слободен печат''/ Драган Митрески

„Сејф сити“ подрани: пристигнаа првите СМС-пораки за сообраќаен прекршок

И покрај најавите на МВР дека од утре стартува системот „Безбеден град“, некои возачи денеска ги добија првите смс-известувања за регистрирани сообраќајни прекршоци, објави Скопје1.

Пораките доаѓаат од официјалниот испраќач МВР-СЦ и содржат регистарски ознаки на возилото, како и линк преку кој граѓаните можат да го преземат записникот за констатираниот прекршок. Во документите се наведени сите детали — локација, време, вид на прекршок, измерена брзина, како и техничките податоци од камерите „Tattile“, со датум на бaждарење.

Граѓаните кои веќе ги добија овие пораки, за Скопје1 велат дека системот очигледно е пуштен во функција еден ден пред најавениот старт.

Според МВР, периодот до Нова година треба да биде тест-фаза во која се праќаат само предупредувања, но денешните пораки покажуваат дека камерите веќе активно снимаат и регистрираат прекршоци.

За 12 часа камерите на „Сејф Сити“ фатија 65.000 прекршоци

Од 1 јануари, системот ќе премине во целосна примена и секој сторен прекршок ќе биде казнет без толеранција — и во град, и на автопат. Сопствениците на возилата ќе добиваат СМС и мејл известување со записник и платен налог, а рокот за плаќање половина казна ќе биде осум дена од приемот.

Камерите се поставени на повеќе клучни раскрсници во Скопје, како и на автопатите долж коридорите 8 и 10, а целта е намалување на прекумерната брзина, минување на црвено и неправилното паркирање — прекршоци кои во последните години доведоа до серија тешки несреќи со фатални последици.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Тошковски за „Слободен Печат“: Еден судија сега има 35 судења дневно, со „Сејф сити“ ќе има 3.000

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот