Сега има нова опција за македонските државјани во Емиратите – евакуација преку Оман
Амбасадата на Македонија во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) соопшти дека сега се разгледува можноста за репатриjација и евакуација на македонските државјани од ОАЕ кои се затекнаа во оваа земја откако САД и Израел го нападнаа Иран. Според Амбасадата, опцијата која се разгледува е нашите луѓе да се извлечат преку копнената граница со Султанатот Оман.
Препорачано
Претходно, македонската амбасада соопшти дека е можно нашите државјани од ОАЕ да бидат евакуирани преку Саудиска Арабија.
„Исто така, нагласуваме дека oграничен број летови беа во можност да ги напуштат Обединетите Арапски Емирати, преку аеродромот на Абу Даби и Дубаи, кои беа мета на нападите од Иран. Со овие летови беа евакуирани само патниците кои биле затекнати во трансфер-зоните по овие аеродроми. Во таа насока, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби е во континуирана комуникација со властите на Обединетите Арапски Емирати, со цел да организира и да се разгледа можноста за евакуација и со други летови, одма по добивање на дозвола дека воздушниот простор на ОАЕ е безбеден за летање, пишува во објавата на македонската амбасада во Абу Даби на нивниот фејсбук профил.
„Сите заинтересирани лица може да пријават во ДКП Абу Даби. Дежурен мобилен број на Амбасадата +971 56 441 7532 / Емаил адреса: [email protected]“, се додава во објавата.


