Се зголемуваат платите на претставниците на ЕУ

Знамиња на Европската унија / Фото: МИА

Платите за речиси 50.000 функционери и функционерки на Европската унија се прилагодени на инфлацијата и се зголемуваат за 6,9 отсто, ретроактивно од 1 јули, пишуваат германскиот таблоид Билд и Политико.

Според неофицијалната пресметка на Вечерњи лист, зголемување од речиси 7 отсто би значело дополнителни 1.817 евра месечно за потпретседателката на Европската комисија од Хрватска, Дубравка Шуица, која без ова зголемување, исто така според неофицијалната пресметка, добива околу 25.960 евра месечно.

Политико во јуни пишуваше за најавата за зголемување на платите на функционерите и државните службеници од ЕУ, наведувајќи дека тоа ќе биде зголемување од 2,4 отсто. Политико наведе дека ваквата одлука е спротивна на советите на Европската комисија за утврдување на платите. ЕК долго време се противеше на таканареченото автоматско индексирање на платите според инфлацијата.

Билд во средината на октомври објави дека платите во ЕУ сепак ќе пораснат за 6,9 отсто, повикувајќи се на прелиминарните пресметки на Комисијата и внатрешните документи. Во зависност од групата на плати, основната плата на државниот службеник во ЕУ ќе се зголемува за 210 на 1.460 евра месечно, ретроактивно од 1 јули, пишува Билд.

Земјите од ЕУ предупредуваат на неодржливо оптоварување и значителни потреби за дополнителни средства. Затоа бараат еднократна суспензија на автоматското зголемување на платите за претставниците на ЕУ, вели Билд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот