Се зголемува бројот на излекувани од коронавирусот, се намалува на пациенти во критична состојба

Фото: Профимедиа

Од новиот коронавирус досега во светот се излекувале 1.242.432 лица, а се намалува и бројот на заболени кои се критична состојба, кој сега изнесува два отсто.

Според Ворлдметерс, во светот досега од вирусот Ковид-19 се заразија 3.727.936 лица, а починаа 258.344 луѓе.

Најтешка е состојбата во Соединетите Американски Држави, каде се заразени повеќе од 1,2 милиони луѓе, а повеќе од 72.000 починале, додека од европските земји Шпанија е со најголем број заразени, а по бројот на починати вчера Велика Британија ја надмина Италија.

Во Европа, по Шпанија, најмногу заразени има во Италија, Велика Британија, Германија и Русија, а најмногу смртни случаи по Британија има во Италија, Шпанија и Франција.

Од латиноамериканските земји најлоша е состојбата во Бразил, а на Блискиот исток во Иран.

Во Кина, од каде што се прошири вирусот, досега се заразени 82.883 лица, а починаа 4.633.

Во регионот по бројот на заразени и починати и натаму предничи Романија со 13.837 заразени и 841 починат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот