Се врши дезинфекција и дератизација во десетте основни училишта на територија на Општина Карпош

Фото:Општина Карпош

Секои шест месеци во годината, Општина Карпош спроведува сеопфатна дезинфекција и дератизација во предучилишните и училишните установи, со цел да им обезбеди на децата здрави и хигиенски услови за престој и работа

Во сите основни училишта на територија на Општина Карпош деновиве се врши дезинфекција и дератизација.

Почнувајќи од вчера, (24.01.2022), овластена фирма која ја ангажираше општина Карпош,  спроведува дезинфекција и дератизација во десетте основни училишта кои се наоѓаат на територијана локалната самоуправа. Сите образовни установи ќе бидат опфатени со оваа акција, најдоцна до крајот на месецов (31.01.2022), а потоа ќе бидат дезинфицирани и дератизирани детските градинки.Инаку, секои шест месеци во годината, општина Карпош спроведува сеопфатна дезинфекција и дератизација во предучилишните и училишните установи, со цел да им обезбеди на децата здрави и хигиенски услови за престој и работа – информираат од оваа скопска општина.

Видео на денот