ФОТО | Се вљубивме во модниот изглед на Каролина: Пејачката нè остави без здив

Фото: Инстаграм

Каролина Гочева изминатиов период работеше напорно, а карантините пејачката ги искористи како инспирација за создавање нешто ново. Каролина неодамна ја промовираше својата најнова песна со наслов „Идила“, а по година и пол пауза пред точно една недела го оддржа својот прв настап пред струмичката публика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Викендов, како дел од „Карпошово културно лето 2021“ Гочева ги изведе своите најголеми хитови, а емоциите од настапот и атмосферата ги срочи во мал албум кој го сподели со своите фанови на социјалните мрежи.

Преубава атмосфера и преубави луѓе – вака си поминавме завчера на културно лето на платото на „Млечен“стои во описот на објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)


Покрај големите хитови и одличната атмосфера, вниманието на присутните Каролина го привлече со својот совршен стајлинг. Пејачката на настапот беше облечена во елегантни црни панталони и впечатлива блуза со длабоко деколте и тантела. Изгледот пејачката го надополни со нежен накит и високи потпетици во беж боја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот