Австриска полиција / Фото: Europol

Се урна скеле, затрупа работници — четворица загинаа на градилиште во Виена

Четвориа загинаа откако денеска се урна скеле на градилиште во луксузниот деветти округ во Виена. Портпарол на градската служба за брза помош изјави само дека им била пружена помош на еден маж кој бил тешко повреден во несреќата, објави „Ројтерс“.

Според првичните информации, под урнатините се закопани неколку лица. На терен се одвива огромна спасувачка операција, во која учествуваат бројни противпожарни екипи, кои се обидуваат рачно и со помош на специјализирана опрема да стигнат до закопаните работници.

Работникот кој веднаш бил префрлен во болница е со повреди на главата, ‘рбетот и на раката и е сместен во шок соба.

Виенската полиција објави на социјалните мрежи дека околу местото на несреќата се поставени сообраќајни блокади, апелирајќи до возачите да го избегнуваат овој дел од градот.

МВР откри како се повредил Турчинот оставен да почине пред болница во Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот