Фото: thereleafcenters.com / CC BY-NC 4.0

„Се угушивме од марихуаната“: Комшија чади преку аспиратор во Кисела Вода, станарите не знаат кој е

Жители на зграда на улицата „Балзакова“ во скопската населба Кисела Вода се жалат на невообичаен проблем – покрај традиционалната миризба на кромид, преку системот за вентилација во новата зграда, низ нивните станови секојдневно се шири интензивен мирис на чад од марихуана, пишува „4Њуз.мк“

Во последниот период, со доаѓањето на зимата и студот, проблемот се влошил, а станарите се жалат дека смрдеата речиси и да не престанува и дека им го прави животот неподнослив.

Тие велат дека изворот на проблемот е нивен комшија, кого не можат да го откријат. Тој, според нивните претпоставки, чади во својата кујна под аспиратор и миризбата потоа се шири во сите станови преку заедничкиот вентилациски канал.

„Не можеме да седиме во дневна или кујна. Мирисот е толку јак што имаме чувство дека некој пуши џоинт до нас. Влегува директно преку цевките од аспираторите и се шири низ становите. Ова е малтретирање“, коментираат станарите.

Неможноста да откријат кој од нивните комшии се дружи со психоактивната билка е единственото нешто што ги спречува станарите да пријават во полиција, додаваат тие.

„Не сакаме да бидеме кодоши, но ова веќе не се издржува. Ако не престане веднаш, немаме друг избор освен да повикаме полиција да изврши претрес таму каде што се сомневаме“, велат жителите на „Балзакова“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот