ФОТО: Се трага по младиот Јосиф, вчера е виден заедно со бездомник во скопска пекара

Исчезнат е младиот Јосуф, потрагата продолжува/ Фото: Инстаграм

Младиот Јосиф Попов веќе два дена е исчезнат, а неговите најблиски покренаа акција на социјалните мрежи со цел да се олесни потрагата по него.

Јосиф Попов / Фото: Инстаграм

Јосиф живее во населбата Драчево, а последен пат е виден на патот кон гимназијата „Јосип Броз-Тито“ каде требало да посетува настава. На социјалните мрежи кружат повеќе објави поврзани со неговото исчезнување од кои може да се заклучи дека тој неодамна е забележан во реонот на Универзална сала, а бил снимен и од безбедносните камери на пекарницата „Силбо“.

„Ова е Јосиф Попов. Вчера во 11 наутро му се губи траг за вечерва да го забележат во „Силбо“ околу 20:00ч со човек по име Ангел Блажески, кој наводно е вратен од Канада. Со истиот тој е во контакт веќе извесен период, забележувани се во Влае, околу Сити мол, на плочник, Дебар Маало. Наводно човекот е бездомник и живее во некаква си колиба, по кажувањата на Јосиф, која се претпоставува дека е во реонот на Сити мол“, на Фејсбук објави Ивана Балабан.

Според објавените информации за момчето, Јосиф е облечен во светломалсинеста јакна, темни панталони и црни високи кондури.

„Јосиф не е вратен дома два дена. Последно го виделе денес пред Силбо околу 20:00 часот со човек со плава коса“, пишува на Фејсбук пријател на момчето.

„Ова е човекот со кој е виден последно, ако некој го препознае, ве молам ѕвонете на 071388246 или 072931594“, објавено е на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот