Се шири истрагата во скандалот со скаутите

извидници
Илустрација: Извидници / Фото: Сојуз на извидници на Македонија

Во полиција се повикуваат учесници на извидничкиот камп кои не биле од Скопје, а одземен е и мобилен телефон од еден од организаторите.

Јавното обвинителство и полицијата и понатаму работат на расветлување на скандалот во извидничкиот камп што се одржал во близина на Скопје, а по кој повеќе родители во полициска станица пријавија дека вклучувал несоодветни активности како соблекување на облеката на 16-годишните учесници, глумење сексуални пози, пресликување на обоени отпечатоци од половите органи на децата на хамер итн.

Според најновите сознанија од истрагата, на кампот присуствувале и учесници надвор од Скопје, па тие сега се повикуваат на разговор. Одземен е и еден мобилен телефон од еден од организаторите, затоа што децата сведочеле дека дел од активностите биле снимени на мобилен телефон. Дел од тие снимени активности наводно биле и настапи на рок-песни каде што малолетничка била сосема гола од половината нагоре, само со некаков колаж што ѝ ги покривал градите.

Сојузот на средношколци се јави со реакција во која ги повикуваат надлежните институции детално да ги истражат пријавите за сексуално вознемирување во извидничкиот камп.

,,Во името на сите средношколци во земјата, Сојузот упатува честитка и благодарност до редакцијата на ‘Слободен печат’ и до новинарката Мирослава Бурнс што ја отворија темата и на јавноста ѝ го обелоденија случајот. Истовремено ја поздравуваме одлуката на учениците што учествувале на кампот како и на нивните родители да ја пријават злоупотребата што се случила за време на кампот. Ги охрабруваме и другите жртви доколку ги има да го пријават случајот. Ги повикуваме надлежните институции МВР, ЈО и Народниот правобранител темелно да ја завршат својата работа и детално да ги истражат пријавите за сексуално вознемирување и злоупотреба. Сојузот на средношколци им стои на располагање на средношколците учесници во кампот, за со свои сили да придонесе во оваа заедничка битка“, соопштија од Сојузот на средношколци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот