Се разведуваат Меган Фокс и Брајан Остин Грин по 10 години брак: Ќе ја сакам секогаш, и таа мене

EPA/MARCELO SAYAO

Глумецот Брајан Остин Грин, најпознат по улогата во тинејџерската серија „Беверли Хилс 90210“ во својата емисија потврди дека се развел од глумицата Меган Фокс.

„Секогаш ќе ја сакам. И знам дека таа секогаш ќе ме сака мене. Семејството кое заедно го изградивме е навистина посебно“, рече глумецот, кој со Меган има три сина.

Парот поднел документи за развод пред да се роди нивниот најмлад син, но тогаш бременоста променила сè.

EPA/PAUL ZINKEN

Во емотивниот говор во својата поткаст-емисија Брајан истакна дека Меган го оставила него и дека не исклучува смирување со својата сопруга, но и дека во моментов се само „добри пријатели и не живеат заедно“.

Објасни дека минатата есен Меган била отсутна поради снимање филм и потоа се договориле да се разделат на некое време бидејќи често биле одвоени.

„Три недели откако замина сонував дека се врати и дека одеднаш се оддалечивме и дека веќе ништо не беше исто“, раскажа глумецот.

EPA/MARCELO SAYAO

И навистина, откако Меган се вратила ситуацијата меѓу нив била чудна, но Брајан тоа го препишал на работата и уморот по напорниот проект.

„И дадов неколку недели и мислев дека сè ќе се врати во нормала. Мислев дека е само малку уморна, бидејќи имаше напорно снимање“, објасни Брајан.

„Рече дека сфатила кога беше надвор од земјата дека таму повеќе си се допаѓала и дека смета дека вреди да тргне по тој пат”, се присети Брајан на разговорот.

„Бев шокиран и вознемирен, но не можам да бидам лут бидејќи таа не барала да се чувствува на тој начин. Не го направила тој избор, само искрено го чувствувала тоа. Уште малку зборувавме и одлучивме да се разделиме на некое време. Тоа и го направивме”, искрено рече Брајан.

Меган неодамна е видена во друштво на американскиот музичар Машин Ган Кели.

EPA-EFE/PAUL BUCK

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот