Се преправаат дека се мртви за да избегнат секс: Научниците откриле неверојатни стратегии кај женките жаби

Фото: Принтскрин/ Твитер/ Live Science

Тим истражувачи го набљудувале однесувањето на ливадските жаби и биле изненадени од начините на кои женките ги избегнуваат мажјаците.

Научниците открија дека женките развиле повеќе начини за избегнување на сексуален однос – се превртуваат пред мажјаците, испуштаат необични звуци пред нив, па дури и се преправаат дека се мртви, пишува „Лајв саенс“ (LiveScience).

Ливадските жаби (Rana temporaria) се познати по нивната „експлозивна“ репродукција кога се собираат во езерца. Мажјаците обично драстично ги надминуваат женките, така што околу шест или повеќе мажјаци се борат за една женка во огромна група.

– Во некои случаи, женките умираат во овие групи – вели Каролин Дитрих, истражувач од Природонаучниот музеј во Берлин.

Сепак, женките имаат развиено неколку техники за да избегнат парење.

– Наместо да бидат пасивни и беспомошни, откривме дека женките користат три клучни стратегии за да избегнат мажјаци со кои не сакаат да се парат. Некогаш затоа што не се подготвени за парење, а некогаш затоа што не сакаат да се парат со одреден мажјак – изјави Дитрих.

Истражувачите собрале машки и женски езерски жаби за време на сезоната на размножување, а потоа ги поделиле и ги ставиле во чинии со вода, така што секој сад содржи две женки и еден маж. После тоа, тие го снимале нивното однесување околу еден час.

Од 54 женки, 83 отсто од нив се превртеле на грб кога мажјакот скокнал врз нив.

– Значи мажјаците завршуваат под вода и мора да бидат пуштени за да не се удават – изјави Дитрих.

Тимот откри дека 48 отсто од женките кои скокнале од мажјак испуштаат звуци на незадоволство. Звукот со пониска фреквенција е имитација на звукот што го прават мажјаците за да ги избркаат ривалите.

– Сепак, не ни е јасно што значи високофреквентен звук – изјави Каролин Дитрих.

Истражувачите откриле дека една третина од женките лежат неподвижни, со испружени екстремитети, околу две минути откако мажјаците се нафрлиле врз нив.

– Ни се чини дека женките се преправаат дека се мртви, иако не можеме да докажеме дека тоа е свесно однесување. Може да биде дека тоа е автоматски одговор на стресот – изјави Дитрих.

Помладите женки ги користат сите три стратегии за да избегнат парење, додека постарите женки имаат поголема веројатност да се преправаат дека се мртви. Вкупно, 46 отсто од женките успеваат да побегнат од мажјаците. Истражувањето беше објавено на веб-страницата на „Royal Society Open Science“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот