Се препотував кога војникот ми го прегледуваше мобилниот!

Profimedia

Бразилскиот фотомодел Лизиан Гутиерез се соочила со повеќегодишна робија во Северна Кореја поради нејзината непромисленост во текот на туристичката посета на оваа земја.

За неколку дена прекршила толку закони што е фасцинантно што главата воопшто ѝ останала на рамена.

Еве ја нејзината листа на прекршоци:

1. Најголем прекршок ѝ бил што го „осквернавила“ Големиот споменик на ридот Манса на кој доминираат џиновски фигури на Ким Јонг ил и на Ким Сунг, таткото и дедото на актуелниот Ким.

Според законот посетителите не смеат да сликаат селфи, ниту обични фотографии ако на нив не се гледаат двајцата.

„Не знаев дека треба да се двајцата на сликата. Го сликав само едниот“, признала Лизиан која во галеријата ги додала и голите селфи фотки од хотелската соба.

Profimedia
Profimedia

2. Потоа отишла во разгледување на градот и облекла маица со натпис УСА! Била предупредена од девојката која била водич да се врати во хотелот и да облече нешто поприкладно.

3. Во хотелот ги прекршила правилата на облекување. Имала премногу провокативно бикини па ѝ понудиле да престојува во мотел.

4. Девојката која ѝ била водич рекла дека никогаш не сретнала таков „траблмејкер“. Ја изнервирала кога носела прекратка сукња во градот и консумирала алкохол на јавно место.

5. Најголем скандал направила кога се сликала селфи со капа од севернокорејски војник. Сè се случило во возот во кој немирната Бразилка го поминувала времето пиејќи текила и виски.

„Отидов до тоалетот и видов дека вратата е заклучена, а капата беше оставена пред вратата. Ја земав капата. Сите од моето друштво ми велеа дека сум луда, а јас само снимив неколку фотографии и ја вратив назад. Војникот не ни забeлежа.“

Проблемот настанал кога дошле до границата.

Кога влегувате во Кореја мора да го пријавите мобилниот што го внесувате, а кога излегувате внимателно ви проверуваат што сте снимиле.

„Се препотував кога граничарот го прегледувапше мојот мобилен. Можев да завршам во затвор, ама имав среќа што не го провери албумот во кој беа сликите што ги снимив таму“, раскажува со олеснување Бразилката.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот