Колеги соработници
Фото: Pexels/fauxels

Се повеќе странски работници во Хрватска, нивните просечни плати се од 600 до 700 евра

Според податоците на Хрватската служба за вработување (ЦЕС), во периодот од почетокот на 2023 година до крајот на ноември се издадени 147.593 позитивни мислења за престој и работа на странски работници, стои меѓудругото во анализата на Индекс.хр.

Имало 173.938 барања, но 21.495 биле одбиени. Главно се работи за занимања во градежништвото и туризмот. Просечните плати се движат од 600 до 700 евра нето, што е само малку повеќе од законскиот минимум, кој изнесуваше 700 евра бруто, односно околу 560 евра нето. Најбараното занимање било „Градежен работник“, со просечна плата од околу 603 евра нето (во зависност од тоа каде се плаќа доплатата, просечната бруто плата била 781 евро). Во оваа професија работеле повеќе од 16 илјади странски работници. Второто најбарано занимање е поврзано со туризмот, „Келнер“. Просечната нето плата била околу 669 евра нето (пресметано за Загреб).

Според податоците на ЦЕС, овие работници имало 9.578 во првите единаесет месеци од минатата година. „Помошник готвач“ е трето најбарано занимање, со просечна плата од 616 евра нето и 8.419 работници. Следното најзастапено занимање е „Зидар“, просечната плата е 648 евра нето, а вработени се 8390 работници. 7.648 странски работници биле вработени како „Градежни работници“, со просечна плата од 608 евра нето. „Готвач“ е шестото најбарано занимање во кое за просечна плата од 697 евра нето работеле 7.266 лица. Ова е и највисоката просечна плата меѓу 18-те најчести занимања на странски работници во Хрватска. Најмногу странски работници во Загреб, Далмација, Истра и Кварнер Севкупно, ЦЕС даде позитивно мислење за 147.593 работници, а негативно за 21.945. Странски работници биле вработени во 522 занимања меѓу 15.352 работодавачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот