Се повеќе млади жртви во сообраќајот во Албанија, седум лица загинаа во несреќи за 48 часа

Сообраќајна несреќа / Фото: Принтскрин Јутјуб

Евидентирани 451 сообраќајна незгоди, во просек 8 сообраќајки дневно.

Се повеќе млади животи во Албанија згаснуваат како последица на сообраќајни несреќи.  Осумнаесет годишниот Арменд Спахиу го загубил животот откако автомобилот во кој се превезувал како сопатник завршил превртен на страната на магистралниот пат Маќеларе-Пешкопеја во Албанија. Според снимките, се сомнева дека  возилото со кое управувал 19-годишниот Рони Ката возело над дозволената брзина.

Најтрагичната сообраќајна несреќа се случила во четвртокот вечерта во Тирана, каде три млади лица го загубиле животот откако автомобилот во кој се возеле од надвозникот.  Жртви биле дваесетгодишниот Клевис Ручај кој го управувал луксузното возило,  Ерисилда Абедини и Сикела Порој кои патувале со него. Додека трите лица од другиот автомобил за чудо избегале…

Потоа, во петокот биле регистрирани уште три жртви во Драч, Каваја и Корча. Според официјалните податоци, во периодот јануари-февруари биле евидентирани 452 сообраќајни незгоди, што е во просек осум сообраќајки дневно.

 За неполни дванаесет часа се одземени педесет и три возачки дозволи поради брзо возење, а тринаесет за возење под дејство на алкохол или во пијана состојба.

 

.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот