Се повеќе луѓе не сакаат да работат како продавачи

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2019 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.51 %.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот Л – Административни и помошни услужни дејности 3.43 %, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.19 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 1.71 %.

Југоисточниот Регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.35 %.

Најголем број слободни работни места, односно 2 853, има во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот