Фото: Инстаграм

Се огласи убавата снаа на Сенка Велетанлиќ по нејзината смрт, со посебна приказна

По смртта на легенарната пејачка Сенка Велетанлиќ се огласи нејзината снаа, Наташа Хаџиманов, сопругата на музичарот Васил Хаџиманов.

Во чест на својата свекрва, Наташа Хаџиманов сподели реклама за специјална емисија која Радио-телевизија на Србија ја емитуваше за Сенка, сопругата на легендата Зафир Хаџиманов.

Фото: Скриншот

Инаку, Наташа е преубава жена и освен што му е сопруга на Васил Хаџиманов, таа е и негов менаџер.

Велетанлиќ почина на 89-годишна возраст по тешко боледување на 19 јануари во Белград. Тажната вест ја соопшти нејзиниот син, музичарот Васил Хаџиманов, преку објава на Фејсбук.

„Утрово нè напушти мојата мајка Сенка Велетанлиќ по тешка болест. Замина тивко, достоинствено, во сон, како дама, токму како што ѝ прилега. Те сакам, мамо. Ти благодарам, мамо“, напиша Васил.

Сенка Велетанлиќ / Фото: Фејсбук/Зафир Хаџиманов

Неговата ќерка Марта која ја има со сопругата Наташа е исто така успешна опереска и џез пејачка. Таа на Инстаграм се прости од својата баба и сподели лична приказна за неа.

„Мојата преубава, прекрасна баба нè напушти денеска. Бабо моја, многу те сакам. Секогаш ќе го слушам и ќе го паметам твојот трогателен, топол и нежен глас. Никој на светот не е таква модна икона и дама како што беше ти. Ти благодарам што беше мој модел и инспирација и што ми дозволи да ти ја крадам облеката и да ги пробувам твоите чевли кога бев мала. Ми недостигаш, одмори ја својатра добра душа и пеј“, напиша Марта Хаџиманов на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/Марта Хаџиманов

Зафир Хаџиманов, еден од најзначајните уметници на поранешна Југославија, почина во март 2021 година, а покрај неговиот голем талент, јавноста и денес го памети и по длабоката и искрена љубов што ја имаа со Сенка.

„Првпат се бакнавме на ридот Слобода над градот. Таа беше убава и пееше како сон. Штотуку се развела од пејачот Тихомир Петровиќ. Тиха и јас останавме пријатели до крајот на неговиот живот. Честопати седевме во Камерната сала на Радио Белград, пиевме и зборувавме за сè. Се согласувавме во многу социјални дискусии. Моите, мора да признаам, беа малку изненадени од мојот избор. Мислеа дека сум омилен на женскиот пол и дека ќе завршам со некоја помлада“, раскажал своевремено Зафир за својата Сенка додавајќи дека без оглед на тоа шро неговите не се согласиле, тој одлучуил да го помине животот со неа.

„Љуби ме и главата горе“: Почина српската пејачка Сенка Велетанлиќ, сопруга и најголема љубов на нашиот Зафир Хаџиманов

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот