Се огласи полицијата по шамарот на Оскарите: Дали Крис Рок ќе поднесе пријава против Вил Смит?

вил смит
Фото: Профимедиа

Полициската управа во Лос Анџелес потврди за „Вариети“ дека актерот и комичар Крис Рок „одбил да поднесе полициски пријава“ по расправијата со Вил Смит на 94-тото доделување на Оскарите.

Смит во текот на доделувањето на наградите на Американската академија излезе на сцената и му удри шлаканица на Рок откако комичарот се пошегува на сметка на сопругата на актерот, Џејда Пинкет Смит.

Фото: ЕПА

„Инспекторите од ЛАПД се свесни за инцидент помеѓу две лица во текот на програмата на доделувањето на Оскарите. Во инцидентот едно лице му удрило шлаканица на друго. Инволвираниот одби да поднесе пријава во полиција. Доколку инволвираната страна сака полициски извештај подоцна, ЛАПД ќе биде на располагање да го доврши извештајот од истрагата“, се вели во соопштението на Полициската управа во Лос Анџелес.

Да потсетиме, додека го претставуваше најдобриот документарен филм на Оскарите, Рок се пошегува на сметка на избричената глава на Џејд Пинкет Смит, споредувајќи ја со изгледот на Деми Мур во филмот „Џи Ај Џејн 2“.

Рок рече дека едвај чека да ја види Џејда, која има алопеција, како глуми во „Џи Ај Џејн 2“, што го натера Смит да излезе на сцената и да го удри Рок.

Смит се врати на своето место и извика:

„Држи го името на мојата сопруга од твојата е…а уста!“

Вил Смит/Џејда Пинкет Смит/ЕПА ЕФЕ
Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

Бидејќи емитувањето во Америка доцни за неколку секунди, Еј-Би-Си успеа да го исклучи звукот, па нивните гледачи не можеа да ги слушнат пцовките на Смит, но гледачите во остатокот од светот ги слушнаа.

ФОТО+ВИДЕО | Скандал на Оскарите: Вил Смит го удри в лице и го опцу комичарот на сцена!

ГАЛЕРИЈА | Oскари: Триумф на Вил Смит, Џесика Честејн и „Кода“, еве ги останатите победници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот