Се огласи Јелена по шпекулациите дека Новак ја изневерувал со Марија Каран: Така се почитува ликот и делото на еден млад успешен спортист

новак јелена ѓоковиќ готвење
Фото: Instagram

Јелена Ѓоковиќ, сопругата на тенискиот ас, Новак Ѓоковиќ, на својот инстаграм – профил револтирана по написот на еден таблоид во кој е наведено дека нејзиниот сопруг ја изневерувал се огласи по низата шпекулации.

Фото: Принтскрин / Instagram

Во таблоидот е наведено дека Јелена го нападнала Новак поради средбата со актерката Марија Каран, а притоа е објавена заедничка фотографија на тенисерот и актерката која неодамна се разведе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)


Иако Јелена обично не реагираа на шпекулациите и жолтиот печат „кој секогаш има што да каже“ овој пат не остана рамнодушна:

Ако не демантираш лага, бидејќи немаш одговор на таа глупост и едноставно не се занимаваш со тоа, за новинарите тоа претставува зелено светло да продолжат да пишуваат за тебе по весниците и да прават дворски шут од тебе. По 15 години пишување за аферите со секоја девојка од нашето заедничко друштво, сега толку добро нè знаат како двојка што дури знаат и дека сум љубоморна без зборови и дела (бидејќи тоа наводно не се гледа, но тие знаат или имаат веродостојни извори). А секако, кога не ја демантираш глупоста, таа автоматски станува мамка за идни објави за сега веќе бившите љубови… Бидејќи така се почитува ликот и делото на еден млад успешен спортист од нашата земја. Не е интересно тоа што е со мене сите овие години. Многу повеќе кликови носат аферите, стои во објавите на Јелена Ѓоковиќ кои ги сподлеи со јавноста својот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)


– Живееме во време кога човек навистина мора да се запраша што чита и кому му верува. Сета таа мрачна енергија што влегува во нас додека читаме вести исполнети со невистини и измами поради контрола, страв и со самото тоа и профит, не може никого да го инспирира да прави добри дела. Знаеме дека столбот на секое здраво општество е семејството, па зар е можно да ги користиме медиумите како средство да го оцрниме и разнишаме?! Дали тоа е рецепт за успех или за пропаст на едно општество? Вие проценете, истакнала Јелена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот