Се крои новиот Јунајтед: 14 играчи ќе „летаат“ до 2020 година! – Слободен печат
СпортФудбал

Се крои новиот Јунајтед: 14 играчи ќе „летаат“ до 2020 година!

Познат е планот на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскер кој најавува голема „чистка“ и создавање на тим кој треба да донесе добри резултати.

Намерите на норвешкиот стратег Солскјер се повеќе од јасни, тој има намера да се ослободи од 14 играчи, едни ова лето, а други за една година.

Генерално треба да останат само неколку фудбалери, си замина Ерера, слободни се Мата, Валенсија, се чека понуда за Матео Дармијан, како и за Лукаку. Се шпекулира дека во „пакет“ би можеле да се преселат во Интер, и на тој начин Јунајтед би добил пари и се ослободи од платниот фонд.

Единствениот централен дефанзивец на „радарот“ на Солскјер е Де Лихт, се откажа од прескапиот Кулибали, како и Мекгвајер, потоа променет е ставот околу Бејли кој заедно со Џонс и Смолинг ќе останат во клубот.

Прашањето е кој ќе биде новиот десен бек, се проценува дека Дало не е доволен, а до наредното лето, ако сега не оди во МЛС, клубот ќе го напушти и ветеранот Јанг. Прва „мета“ за нов десен бек е Жоао Кансело, иако ќе биде тешко.

EPA-EFE/PETER POWELL

Џејмс Вилсон и Реган Пул, млади играчи на кои им истече договорот се отпуштени. Солскјер истакна дека сака да се реши статусот и на Алексис Санчез, да се најде начин како тој да си замине.

Погба најверојатно останува. Де Геа одбива да потпише нов договор, за шпанскиот голман во трка е ПСЖ. Можно е чуварот на мрежата да остане уште една сезона, а потоа си замине како слободен играч. Солскјер е свесен дека не сака целиот тим да „зависи“ само од голманот.

EPA-EFE/PETER POWELL

Купен е Даниел Џејмс од Свонси, ќе има уште засилувања, приоритет се млади сили, по можност да бидат од Англија. Норвежанецот се надева дека во тој „нов Јунајтед“ ќе бидат уште Џадон Санчо, Деклан Рајс, но и Жоао Феликс од Бенфика, чија цена е 120 милиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close