Јунајтед пред реализација на трансферот на летото

EPA-EFE/OLAF KRAAK

Манчестер јунајтед се наоѓа пред реализација на трансферот на летото, со кој ќе го започне освежувањето на екипата по катастрофалната сезона.

Во текот на наредните денови се очекува, нов играч на Манчестер јунајтед да биде, капитенот на Ајакс и еден од најбараните дефанзивци во Европа, Матијс Де Лихт. Младиот фудбалер наводно на своите менаџери им наложил да ја прифатат понудата на англискиот тим кој му нуди 14 милиони фунти по сезона и Барселона ќе остане со празни раце бидејќи нуди плата од само 5 милиони евра.

Адутот на Манчестер јунајтед е и менаџерот на Де Лихт, Мино Рајола кој е во добри односи со управата на англискиот тим, за разлика од Барселона која воопшто не сака да преговара со него. Доколку се реализира трансферот, Оле Гунар Солкјер ќе добие вистински предводник на одбраната во младиот холандски репрезентативец.

Следен на списокот на желби на Солскјер е напаѓачот на Олимпик Лион, Муса Дембеле за кого е подготвена првична понуда од 40 милиони евра, но тоа е 10-тина милиони помалку од сумата која ја бара францускиот тим.

Тимот на Манчестер може да биде многу посилен наредната сезона, доколку се покажат точни написите во италијанските медиуми дека Јувентус, ги понудил Пуало Дибала и Алекс Сандро во замена за проблематичниот Пол Погба.

Што се однесува до Барселона, по шокатниот пораз во Кралскиот Куп, управата одлучи да го жртвува Де Лихт и парите да ги оскористи за купување на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид. Барселона на 1 јули ќе ја активира откупната клаузула во висина од 120 милиони евра за Гризман кој ќе добие петгодишен договор и плата од 17 милиони евра која секоја година ќе расте за еден милион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот