„Се чувствувам млад како пред 50 години, а јадам само брза храна“ – Трамп познавал многу луѓе кои се хранеле здраво, но починале млади
Брзата храна, бифтекот и речиси никаквото вежбање повторно се најдоа во центарот на вниманието, откако Доналд Трамп во понеделникот зборуваше за своето здравје и рече дека и на 79 години се чувствува „исто како пред 50 години“, пренесе Тила.
Препорачано
За време на средба во Овалната соба, Трамп се споредил со помладите присутни и рекол дека има исто ниво на енергија како нив.
„Се чувствувам исто како пред 50 години. Неверојатно е. Ќе дојде ден кога нема да биде така, но буквално се чувствувам исто“, изјавил Трамп.
Американскиот претседател потоа зборувал и за својата исхрана, сугерирајќи дека можеби токму љубовта кон брзата храна има некаква улога во тоа како се чувствува.
„Не јадам најздрава храна. А можеби токму тоа е најдобрата храна. Кој навистина знае што е најдобро? Можеби брзата храна е добра, а другата не е“, рекол Трамп.
Тој додал дека повеќе сака бифтек отколку „целери и лесни оброци“, посочувајќи дека познавал луѓе кои се хранеле исклучително здраво, но починале релативно млади.
Трамп повторно се пошегувал и за физичката активност, велејќи дека „вежба околу една минута дневно, ако има среќа“.
Неговите изјави набрзо предизвикаа реакции на социјалните мрежи. Дел од корисниците го исмеваа поради коментарите за брзата храна, здравјето и начинот на живот.
ФОТО | Нова провокација од Трамп – Венецуела означена како „51-ва држава“ на САД


