Доналд Трамп / Фото: принтскрин

ФОТО | Нова провокација од Трамп – Венецуела означена како „51-ва држава“ на САД

Аамериканскиот претседател Доналд Трамп на својата платформа „Трут“ објави графика на која Венецуела е прекриена со знамето на Соединетите Американски Држави и е означена како „51-ва држава“.

Објавата дојде во момент кога Трамп беше на пат кон Кина, каде што се очекува да присуствува на самит на високо ниво. Само еден ден претходно, во интервју за „Фокс њуз“, тој изјави дека „сериозно“ размислува Венецуела да стане нова држава во рамките на САД.

На ваквата порака реагираше и привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез. Таа категорично ја отфрли идејата, нагласувајќи дека нејзината земја „никогаш не разгледувала“ таков сојуз и го потенцираше суверенитетот на Венецуела.

ВИДЕО | Трамп: Moжам да бидам претседател на Венецуела, само да го совладам шпанскиот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот