Се бара решение за учениците од „Његош“ во Јурумлери, МОН преговара за прекин на бојкотот и нуди доградба на училиштето

ООУ Његош во Јурумлери/Фото: Скриншот

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири не се откажува од средбите со родителите на учениците од ООУ „Његош“ во Јурумлери, во Општината Гази Баба каде минатата недела имаше бојкот на наставата поради немање просторни можности за сите ученици во ова основно училиште.

Новата учебна година во ова училиште започна со бојкот од страна на учениците Албанци кои во училиштето учат само до петто одделение, по што наставата до деветто ја продолжуваат во други училишта во општината. Минатата недела на бојкот на наставата се одлучија и родителите на учениците на македонски наставен јазик кои не се согласуваат таму да се отвори паралелка за Албанци шестоодделенци. Овие шестоодделенци Албанци се само 13 на број и тие наставата според предложеното треба да ја продолжат во селото Огњанци.

Министерот за образование Јетон Шаќири е дециден дека настава мора да има за сите ученици. Едно од решенијата кое не го прифаќаат дел од родителите е да се догради училиштето за да не мора дел од децата да патуваат во соседните села за довршување на деветгодишното основно образование. Сега засега родителите Албанци и родителите Македонци не сакаат да седнат на заедничка маса и да се договорат.

-Секое дете треба да оди на настава. Моето бараање е да се најде привремено решение, за овие 13 деца кои не сакаат да патуваат, а не треба да останат без настава, мора да се најде решение. Општината заедно со директорот треба да достави проект за доградба на тоа училиште со 4 предавални и ние ќе обезбедиме буџетски средства за изградба на училиштето, едни да имаат целодневна настава, а другите да учат на својот мајчин јазик. Решението мора да биде долгорочно, дециден е Шаќири.

Сега засега на училиштето му недостига краткорочно компромисно решение, зошто помина еден месец од новата учебна година. На долг рок значително растоварувањето на скромните училишни капациетети на сегашното училиште Његош е изградбата на новото училиште во Идризово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот