Фото: StrugaPost, Фејсбук

Се бара прекршочна против Менди Ќура и Општина Струга, го немало македонското знаме на прославата на Денот на албанското знаме

Полицијата поднесе барање за поведување прекршочна постапка против градоначалникот Менди Ќура и Општина Струга, затоа што на денот на прославата на Денот на албанското знаме, на бината, ниту на дел од кејот на Црн Дрим, не било истакнато македонското знаме.

„ОВР Струга поднесе барање за поведување прекршочна постапка против правното лице-општина Струга и против одговорното лице М.Ќ.(65) од струшкото село Биџево, поради сторено дело спротивно на член 6, а казнивo по член 11 од Закон за употреба на знамиња на заедниците во Македонија“, соопшти МВР.

Пријавените, како организатори на настан по повод Денот на aлбанското знаме, што на 28 ноември, се одржувал на улицата „Маршал Тито“ во Струга, покрај знамето на заедниците, ниту на бината, ниту на дел од кејот на реката Црн Дрим, не го истакнале и не го поставиле државното знаме на Македонија, што според Закон биле обврзани да го направат.

Според член 11 од Законот, ако се поведе постапка Општината може да биде казнета од 30.000 до 200.000 денари, додека градоначалникот ќе се казни со парична казна од 10.000 до 30.000 денари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот