Шкријељ: За 10 отсто покачени пензии само оваа година

Владата и парламентарното мнозинство на СДСМ се грижат за пензионерите и во време на најголемата светска криза продолжува покажувањето на пензиите, рече денеска пратеничката Санела Шкријељ на прес-конференција.

– Само оваа година пензиите за сите 330.000 пензионери СДСМ ги покачи за вкупно 10 отсто. Со инклузивен пристап, низ дијалог, заедно со пензионерите ја утврдивме новата методологијата на усогласување на пензиите. Сега пензиите, системски, без политички влијанија и паушални одлуки, се покачуваат два пати годишно, врз основа на порастот на трошоците за живот и растот на просечната плата. Според новата методологија пензиите годинава ги покачивме за 2,9 отсто во месец март, а сега, во септември следуваше уште поголемо покачување од 6,8 проценти. Само со последното покачување од 6,8 отсто, обезбедивме дополнителни 1.200 денари месечно за пензионерите кои примаат просечна пензија – рече Шкријељ.

Наша должност е,додаде таа, да обезбедиме пристојна старост и поддршка на сите пензионери, особено во време на криза.

– Веќе во март идната година следува ново усогласување на пензиите. Според проценките тоа ќе изнесува околу 6 проценти, што значи дека пензиите за само 12 месеци ќе пораснат за 16 отсто. Благодарение на одговорните политики на СДСМ денес пензискиот фонд е стабилен, пензиите растат и се исплаќаат и предвреме – рече пратеничката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот