Богданка Кузеска / Фото: СДСМ

СДСМ: Вториот вработен во фирмата со тендери од 9 милиони евра е поврзан со УБК на Мијалков

Вториот вработен во фирмата која добила тендери од речиси 9 милиони евра за само шест месеци бил Глигор Поцев – сведок во случајот Тагрет Тврдина за уништувањето на опремата за масовно прислушување како вработен во УБК во периодот на Сашо Мијалков, соопшти портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција.

– А токму последниот договор со Владата и оваа фирма е рамковна спогодба за софтверски лиценци за виртуелна платформа. Како тоа лица кои биле дел од разузнавачки структури, кои директно или индиректно се поврзани со процеси за уништување на опремата за прислушување сега се пак во игра за милионски тендери за софтвери? И како тоа баш сега, Владата на Мицкоски избрала човек од тоа време, од тие структури, сведок за уништувањето на опремата? – прашува Кузеска.

Претходно, од партијата соопштија дека фирмата „Дигитал оне“, формирана на крај на август лани, со само двајца работници за една година има добиено тендери од скоро девет милиони евра, народни пари.

СДСМ открива: Фирма без историја, со двајца вработени добива 9 милиони евра на владини тендери

Според генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, овие тендери се со владини и државни институции во период од мај 2025 до денес ноември 2025.

Опозицијата го повика Јавното обвинителство, Финансиската полиција и ДКСК веднаш да регираат, да отворат истрага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот