СДСМ: На раскрсница сме, или ќе станеме Бергамо или сите заедно ќе го зауздаме коронавирусот

Скопје, лето 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Сериозното зголемување на бројот на инфицирани со коронавирусот во изминатите денови не донесе до раскрсница, до избор дали нашата држава ќе се претвори во ново Бергамо или сите заедно, со доследно и строго почитување на мерките за заштита и ковид протоколите ќе го зауздаме растот на новоинфицирани со вирусот, за кој се уште нема лек, ниту вакцина, велат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека се бориме со невидлив и подмолен непријател, кој им се заканува на сите, никој не е имун, а наше најдобро и најефикасно оружје е носење заштитна маска, шал или марама, држење дистанца и редовна дезинфекција и миење на рацете.

Граѓаните се клучни во борбата против коронавирусот, со почитување на мерките за заштита ќе обезбедиме намалување на бројот на новоинфицирани со коронавирусот. Почитувањето на мерките ќе ги намали притисокот врз здравствениот систем и врз лекарите, медицинските сестри и помошниот здравствен персонал, кои седум месеци пожртвувано ги лекуваат заболените, ќе го намали ризикот од преполнување на болниците, велат од партијата.

Мерките предложени од Комисијата за заразни болести,  кои ќе стапат на сила по законските измени предвидуваат да се носи маска, марама или шал и на отворено, да нема групирање на повеќе од 4 лица на отворено после 22 часот и во домовите да биде дозволено присуство од најмногу четворица гости, покрај членовите на семејството.

Владата предводена од СДСМ веќе им ги зголеми ингеренциите на сите инспекторати, да можат на лице место да изречат забрана за вршење на дејност до 30 дена за правни лица, што не ги почитуваат ковид протоколите.

За наредната недела се предложени нови мерки и  тоа сите економски субјекти да не работат од 23 часот навечер до 5 часот изутрина, забрана за одржување на секакви настани и ограничување на капацитетот на патници во јавниот превоз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот