СДСМ: Мицкоски отиде во Будимпешта да договара враќање на Груевски пред да падне Орбан
Откако премиерот Христијан Мицкоски попладнево одлета за Будимпешта, каде се сретна со унгарскиот колега Виктор Орбан, реагира Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).
Препорачано
„Додека политичката сцена во Унгарија се менува, а поддршката за Виктор Орбан драматично опаѓа, Христијан Мицкоски останува тера со своите политики на изолација, корупција и одработување за туѓи интереси. Орбан, кој веќе е исвиркан и од сопствените поддржувачи на митинзи, е симбол на една политика која Европската Унија веќе не ја толерира. Коруптивна политика која служи на бизнис и руски интереси, наместо на европските вредности и иднината на граѓаните“, велат опозициската од опозициската партија.
„Додека граѓаните на Унгарија го избираат европскиот пат, Мицкоски ја турка Македонија во спротивна насока – кон изолација, неизвесност и назадување кое сака да трае со децении. Мицкоски ги продава македонските национални интереси а денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски. Какви други договори се прават зад затворени врати? Што ќе се случи со 40% од медиумите во Македонија кога ќе падне Орбан, кои ги контролира ВМРО? Што ќе биде со бизнисите на Орбан во Македонија, во енергетиката и телекомуникациите?“ прашуваат од СДСМ.


