СДСМ партиска зграда / фото: Слободен печат/ Драган Митрески

СДСМ го повикува Мицкоски да се пријави самиот себе кај ЕУ и НАТО за дестабилизација

Во однос на барањата на студентите Албанци за полагање на правосудниот испит на албански јазик, од СДСМ велат дека за ова прашање треба да се најде решение за секој да може да ужива во основните човекови права согласно законот. Според нив, овие прашања биле затворени, но со доаѓањето на новата власт повторно се отвораат.

„Мицкоски самиот себеси да се пријави во Европската Унија и во НАТО затоа што тој ја дестабилизира состојбата во државата – коментираат од опозицискиот СДСМ откако премиерот денеска рече дека Владата ги информирала сојузниците во Алијансата и во ЕУ за обид за дестабилизација од страна на опозицијата за време на вчерашниот протест во Скопје, на кој студенти бараа полагањето на правосудниот испит да се спроведува и на албански јазик“, велат од опозициската партија.

Во однос на барањата на студентите, од СДСМ велат дека за ова прашање треба да се најде решение за секој да може да ужива во основните човекови права согласно законот. Според нив, овие прашања биле затворени, но со доаѓањето на новата власт повторно се отвораат.

„Меѓутоа, она што е проблем е што главни инспиратори на сите овие поделби се токму Мицкоски и Владата. Денеска го слушнавме низ медиумите дека ќе пријавел во НАТО и во ЕУ за ова. Ете да му порчаме на Мицкоски тој да се пријави и во НАТО и во ЕУ, затоа што тој ја дестабилизира состојбата во државата“,изјави пратеничката Јована Тренчевска од СДСМ на денешната прес-конференција.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно денеска рече дека присуството на голем број опозициски активисти и високи функционери му дале политичка конотација на вчерашниот протест на кој студенти бараа правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик. Во врска со ова, рече Мицкоски, Владата ги информирала НАТО и ЕУ, како потенцијален обид за дестабилизација на државата.

Правда реагира на протестот на студентите Албанци: „Обид за манипулација од политички структури“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот