СДСМ ги добива клучните ресори

Јули 2020, Скопје / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Заев и СДСМ уште еднаш покажаа сериозен коалиционен капацитет и политички маневар.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев доби полн четиригодишен мандат, а како што најави, ќе води Влада со амбиција да сработи дома на тема економија и правда.

Според извори на Слободен печат, СДСМ ги добива клучните ресори кои за граѓаните значат подобар живот: премиер, вицепремиер за економски прашања, вицепремиер за европски прашања, правда, транспорт и врски, внатрешни работи, образование, труд и социјална политика, здравство, култура, локална самоуправа, земјоделство и одбрана.

Заев и СДСМ, според оценките на дел од познавачите на политичките состојби во земјава,  уште еднаш покажаа сериозен коалиционен капацитет и политички маневар со кој обезбедува сигурно владеење и мегдан за да се испорачаат резултатите дома.

– Заев покажа големина и доблест, самостојно им отстапи на ДУИ 100 дена премиерска позиција.
Нема веќе Пржинска Влада, нема веќе вештачки решенија од опозицијата како Наќе Чулев. ДУИ се принудени на повеќе транспарентност и повеќе отчетност од било кога – коментираат аналитичарите.

Решението кое се споменува за министер за финансии од редовите на ДУИ е Фатмир Бесими, човек кој важи за близок соработник на Зоран Заев, со тоа СДСМ не губи ништо, посочуваат тие, а државата добива квалитетен кадар.

Сепак 4:0 за Заев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот