Савичевиќ е нов играч на МЗТ Скопје Аеродром

фото: mztskopjeaerodrom.mk

Еден од најталентираните млади кошаркари во моментов во Македонија, Лука Савичевиќ, е нов член на екипата на МЗТ Скопје Аеродром, со што клубот само ја потврдува заложбата за ангажирање на сѐ што во перспектива е квалитетно и вредно во макбаскетот, со цел тие да бидат светла иднина не само на оваа екипа, туку и на кошаркарскиот спорт во државата.

Станува збор за 18-годишен кошаркар висок 190 сантиметри, кој изминативе две и пол години настапуваше во Шпанија, а кое со својот талент го привлече вниманието на скаути од екипи како Анадолу Ефес, Олимпија Цедевита и Црвена звезда.

Тој во февруари годинава се најде на поширокиот список на селекторот на сениорската репрезентација, Александар Тодоров, како уште еден доказ за неговиот квалитет и огромна перспектива.

Савичевиќ следната сезона ќе настапува во Првата лига и тоа во дресот на вториот тим МЗТ Скопје Уни Банка, каде што ќе работи со новиот тренер Борче Даскаловски, кој од него очекува да се наметне како еден од лидерите на овој млад и екстра талентиран состав.

Прволигашкото искуство сигурно ќе биде од исклучително значење за него, уште повеќе што ќе игра претежно со врсници со кои веќе има настапувано во националните селекции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот