Саутгејт ќе ја води Англија и на дуелите со Македонија на патот кон Евро 2024

фото: EPA-EFE/ARMANDO BABANI

Според „Дејли Мејл“, Герет Саутгејт ќе остане селектор на Англија до Европското првенство 2024 што ќе биде следна цел за Англичаните.

Саутгејт шест години е на клупата на англиската репрезентација, а по елиминацијата во четвртфиналето на Светското првенство во Катар не сакаше да дава никакви изјави во врска со својата селекторска иднина.

На негова сметка имаше многу критики по поразот од Франција на СП, иако беше полуфиналист на претходниот Мундијал во Русија и беше финалист на Европското првенство 2024.

Од друга страна, Фудбалската асоцијација, во јавните соопштенија има само пофални зборови за Саутгејт, а јасно беше дека ФА сака тој да остане селектор.

Се очекуваше Саутгејт да се огласи дури на почетокот на следната година, но медиумите сега тврдат дека одлуката е донесена и дека Англија нема да го смени селекторот.

Англија е инаку еден од ривалите на македонската А репрезентација во квалификациите за пласман на следното ЕП 2024. Против Англичаните ќе играме на 19 јуни 2023 на „Олд Трафорд“ во Манчестер и во Скопје на 20 ноември 2023 година. Во нашата квалификациска група се и селекциите на Италија, Украина и Малта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот