Саудиската коалиција уништила шест дронови лансирани од Хутите

Фото: МИА

Меѓународната коалиција предводена од Саудиска Арабија, што учествува во граѓанската војна во Јемен, пресретнала и уништила шест беспилотни летала наполнети со експлозиви, наведе саудиската државна телевизија, објаснувајќи дека дроновите биле лансирани од бунтовниците Хути и биле упатени кон нивното кралство.

Коалицијата соопшти дека „станува збор за намерни и систематични непријателските обиди на Хути насочени кон цивилите”, додавајќи дека таа ги презема сите неопходни мерки за заштита на цивилите, пренесуваат британските медиуми.

Коалицијата претходно соопшти дека уништила балистичка ракета што Хутите ја лансирале кон саудискиот град Џазан.

Британските медиуми пренесуваат дека саудиската воена коалиција ја почна својата интервенција против Хутите во Јемен во март 2015 година, откако ова движење ја собори меѓународно признатата влада во Сана и зазеде поголем дел од територијата на земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот