Сасоли му одговори на Јанша: Не зависи од Словенија одлуката на ЕУ за миграциските коридори кон Авганистан

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, ја оспори изјавата на словенечкиот премиер дека ЕУ нема да отвори хуманитарни или миграциски коридори кон Авганистан.

Сасоли наведува дека „не зависи од актуелниот претседател на Советот на ЕУ да каже што ќе прави ЕУ“.

„Сите наши институции работат на утврдување каква солидарност е потребна за оние кои се во опасност од новиот режим во Авганистан, а не само за Авганистанците кои работеа со нас“, рече Сасоли, пренесува словенечката агенција СТА.

Тој додава дека премиерот Јанша го повикуваат да разговара со европските институции за да одлучи кои треба да бидат следните чекори.

– Сите наши земји се чувствуваат вклучени во исходот на ситуацијата во Авганистан и јасно е дека мора да покажеме солидарност, рече Сасоли.

Неговата изјава дојде откако словенечкиот премиер Јанез Јанша напиша на Твитер дека ЕУ „нема да отвори хуманитарни или мигрантски коридори кон Авганистан“ или ќе дозволи повторување на мигрантската криза во 2015 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот