ФОТО+ВИДЕО | Саша Ковачевиќ се сврши со девојката по 10 години врска: Kлекна на колено и извади прстен за Зоранa
Пејачот Саша Ковачевиќ вчера откри преку својот официјален профил на Инстаграм дека се свршил со својата партнерка Зорана Тасовац.
Препорачано
По речиси 10 години љубов, еден од најпопуларните пејачи во регионот, Саша Ковачевиќ, реши да стави крај на својот ергенски живот.
View this post on Instagram
Видеото што го сподели на својот профил прикажува различни моменти од животот на неговата партнерка, како и нејзината ќерка, а еден момент покажува и како изгледала свршувачката.
„Моја си денес, моја си утре“, се вели во описот на објавата, а оваа реченица е и стих од неговата неодамна објавена песна „Ромео“.

Покрај обожавателите, во коментирати се јавија и бројни колеги и пријатели на популарниот пејач. Меѓу нив се Наташа Беквалац, Јелена Томашевиќ, Адил Максутовиќ и Милица Тодоровиќ.
Во егзотична и романтична атмосфера, пејачот одлучи да ѝ предложи брак на убавата Зорана клекнувајќи на едно колено, а не можеше да го скрие своето воодушевување.


Да потсетиме дека во мај годинава, Ковачевиќ откри дека планира да се ожени со Зоран, со која е во врска осум години.


