Саша Ковачевиќ ќе се жени: Еден од најпосакуваните мажи ќе „стапне на лудиот камен“ со саканата Зорана
Српскиот пејач Саша Ковачевиќ има желба да се ожени со својата долгогодишна девојка, манекенката Зорана Тасовац, во годината која следи.
Препорачано
„Веројатно, да. Мислам дека е време. Како и да е, јас веќе со години знам дека Зорана е жената со која треба да влезам во брачна заедница. Секако, ако и таа го сака истото. Но, од моја страна и те како постои желба за такво нешто!“, изјави пејачот во емисијата „Ексклузив“.
Иако се заедно осум години, пејачот признава дека одвреме-навреме е љубоморен.
„Ако има причина – да. Верувам дека секој од нас е по малку љубоморен. Во врска сме речиси осум години, па ја зацементиравме врската во однос на довербата за да нема место за љубомора во овој момент“ истакна пејачот.
Тасовац од првиот брак со Богдан Срејовиќ, поранешното момче на Светлана Цеца Ражнатовиќ, има ќерка која Ковачевиќ ја обожава и ѝ посветува максимално внимание.
„Искра ми е ќерка, така ја доживувам од првиот момент. Не сум ѝ биолошки татко, но јас ја сметам за мое дете. Утре кога ќе имам свое, биолошко дете, Искра повторно ќе ми биде прво дете. Во последно време, често го слушам коментарот ‘Но, таа не е твое дете’. Едноставно, јас во мојот дом можам да ги нарекувам и да ги доживувам луѓето така како што сакам. А неа ја доживувам како своја. Затоа не им дозволувам на злобните луѓе да ми ‘ѕиркаат во дворот’“, изјави Ковачевиќ своевремено.


